Амбасадорот Силвестри вчеравечер во резиденцијата на Р. Италија беше домаќин на состанок посветен на италијанското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа, кое започна на 17 ноември 2021 година и ќе трае до 22 мај.
Амбасадорот најпрво го подвлече значењето на Советот на Европа како мултилатерален форум кој има за цел да ги обедини сите европски земји врз основа на заеднички вредности кои не можат да бидат прекршени, како што покажа неодамнешното суспендирање на правото на глас на Руската Федерација.
Силвестри потоа ја илустрираше агендата на италијанското претседателство за време на настанот кoj не случајно беше организиран непосредно по одбележувањето на 8 март, притоа истакнувајќи ги приоритетите, кои вклучуваат и борба против насилството врз жените и против родовата дискриминација, како и заштитата на правата на децата и младите.
Италија одлучи да им даде приоритет и на две други теми, како што е заштитата на културното наследство – отсекогаш многу значајна тема за Италија – како и заштитата на човековите права, тема која во контекст на пандемијата добива димензија на „здравствена еднаквост“ и „социјална издржливост“, како потреба да се изгради иднина каде што човечкот е во центарот, вклучително и во однос на искушенијата во еден нов свет во кој сè поголемо влијание има и вештачката интелигенција.
Силвестри детално ка опиша италијанската агенда, која се состои од богата серија настани: дел од нив се веќе реализирани, а останатите ќе се реализираат во преостанатиот период.
На настанот присуствуваа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ – кој се заблагодари за континуираната италијанска поддршка на европскиот пат на земјата – вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, претставничката на Советот на Европа во Скопје, Каталин Тамус – која ги илустрираше иницијативите што Советот на Европа ги спроведува во Северна Македонија – и амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир. Учествуваа и претставници на граѓанското општество, меѓу кои здружението RYCO Северна Македонија, Хелсиншкиот комитет, националниот координатор на програмите на КЕП и младите кои ја претставуваа Северна Македонија на Балканскиот младински форум на ЕУ што се одржа во Рим во ноември минатата година како дел од иницијативите во рамките на Конференцијата за иднината на Европа.
Настанот беше можност да се презентираат некои од бројните иницијативи за соработка финансирани од Италија во Северна Македонија, од кои голем број се директно поврзани со темите на Претседателството. Конкретно, беше претставен проектот посветен на пристапот до правда на најранливите слоеви од населението, проектите финансирани преку Фондот CEI-EBRD во рамките на програмата KEP (Know-how Exchange Program), вклучително и проектот посветен на трансфер на знаења меѓу Италија и Северна Македонија во областа на конзервација и иновативно управување со културното наследство и проектот „SMACH – Одржливо управување со културното наследство“ за одржливо управување со културното наследство наспроти заканите од климатските промени, промовиран од Меѓународниот универзитет во Венеција во соработка со други важни италијански и регионални институции, меѓу кои и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=4671140539674859&id=961163677339249