Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ ЗА СТРАНСКИ (НЕУНИВЕРЗИТЕТСКИ) ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ СПОРЕД ПОГЛАВЈЕ 2562/2 – Е.Ф. 2026

ЦЕЛ НА ГРАНТОВИТЕ

Итлаијанското Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува повик за грантови кои имаат за цел промовирање на италијанскиот јазик и култура во странски неуниверзитетски државни образовни институции, преку поддршка за работни места за наставници по италијански јазик и доделување грантови за ученички патувања за усовршување на италијанскиот јазик во Италија.

ПРИМАТЕЛИ НА ГРАНТОВИ

Средствата може да се доделат за следниве цели:

а) создавање и одржување на катедри по италијански јазик: грантови насочени кон делумно покривање на платите на наставниците вработени директно од образовните институции со договори согласно локалното законодавство.

б) грантови за ученички патувања наменети за изучување на италијанскиот јазик: 

Грантовите за патувања за јазично усовршување во Италија се наменети за учениците кои се истакнале со достигнатите резултати на наставата по италијански јазик и култура. За време на процесот на евалуација, приоритет ќе им се даде на апликации од училишта чии ученици учествувале на натпревари и конкурси промовирани од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI).

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

Критериумите и процедурите за доделување се регулирани со Уредба бр. 4100/20 од 4 март 2026 година, достапна на следниот линк:

https://www.esteri.it/mae/resource/atti_concessione/CM_25971.pdf

За да му се додели грантот, училиштето-апликант мора да постигне резултат од 50 поени или повеќе.

 

УЧИЛИШТАТА ТРЕБА ДА ПОДГОТВАТ

Заинтересираните училишта мора да ја достават документацијата наведена подолу, строго почитувајќи ги утврдените процедури и рокови.

A. Поднесување на новата апликација (Финансиски година 2026)

  • Мотивационо писмо: напишано на италијански јазик на меморандум, мора да ги содржи информациите за идентификација на училиштето (име, адреса, контакт информации), потпис на одговорното лице и детална причина за барањето.
  • Пополнети обрасци (Анекси А и Б)

Барањата за финансирање мора да се поднесат преку достава на пополнетите приложени обрасци, достапни во PDF формат кој е отворен за уредување:

„Прилог А“ за барања за финансирање катедри по италијански јазик и

„Прилог Б“ за барања за финансирање за грантови наменети за ученички патувања во Италија.

Правилно пополнетите прилози/обрасци мора да го носат читливиот потпис на законскиот претставник на институцијата што го поднесува барањето, прикачен во jpeg формат – на прилогот во PDF формат кој може да се модификува, заедно со датумот и печатот на училиштето.

 

РОК ЗА БАРАЊА ЗА ГРАНТОВИ

Барањата за грантови мора да се достават до Амбасадата на Италија во Скопје, во оригинал на адреса ул. „8-ма Ударна Бригада“ бр. 22, и во електронска форма на е-пошта culturale.skopje@esteri.it, најдоцна до 2 април 2026 година.

 

Б. Известување за претходни грантови (Прилози А2 и Б2)

Поднесувањето извештаи е задолжително за сите институции што примиле средства во последните пет години, дури и во отсуство на ново барање. Неговото поднесување е предуслов за исплата на какви било нови грантови.

Конечниот извештај за користењето на најновиот примен грант мора да биде подготвен со користење на новите прилози:

  • Прилог А2: за грантови поврзани со катедри по италијански јазик.
  • Прилог Б2: за грантови поврзани со патувања за усовршување на италијанскиот јазик.

 

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ДО АМБАСАДИТЕ

Образците А2 или Б2 со финансиски извештаи мора да се достават до Амбасадата на Италија во Скопје најдоцна до 30 јуни 2026 година.

Потсетуваме дека при пополнување на обрасците задолжително треба да се зачува формата на интерактивните функции и полињата со формули за пресметка, а прилозите мора да се отворат исклучиво со користење на Adobe Acrobat Reader, Microsoft Edge или Internet Explorer.

Услов за прием на апликациите: Само апликациите пополнети дигитално со користење на обезбедените PDF шаблони ќе се сметаат за прифатливи. Обрасците пополнети рачно или зачувани во други формати (на пр., скенирани документи на хартија) нема да бидат прифатени.

ПРИЛОЗИ:

Прилог А

Прилог Б

Прилог А2

Прилог Б2