Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Конкурс за придонеси за странски (не универзитетски) образовни институции

ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува конкурс за придонеси наменети за промоција на италијанскиот јазик и култура во странските образовни не-универзитетски институции преку поддршка на катедрите за италијански јазик и финансирање на стипендии / патувања за усовршување на јазикот во Италија.

УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

Придонесите се доделуваат:

1. за создавање, одржување и функционирање на катедрите за италијански јазик при странските образовни институции, со цел делумно да се покрие надоместокот наменет за наставниците вработени директно од  страна на училиштата со договор според локалниот закон;

2. како алтернатива, тие се доделуваат за делумно финансирање на стипендии и патувања за усовршување на јазикот во Италија, наменети за ученици кои успешно следат часови по италијански јазик и култура (предност ќе им се даде на барањата од образовни институции чии ученици учествувале на конкурси/натпревари поврзани со италијанскиот јазик и култура распишани од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија).

Доделувањето ќе се одвива според критериумите утврдени со декретот бр. 4815/0229 од 5 февруари 2024 години, достапен на следниот линк: https://www.esteri.it/mae/resource/atti_concessione/CM_20568.pdf.

 

ОБВРСКИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНАТ УЧИЛИШТАТА

ФОРМУЛАРИ ЗА БАРАЊЕ НА ПРИДОНЕС (прилози А – B)

Барањата мора да се поднесат користејќи ги соодветните формулари (A, B, A2, B2) приложени во пдф формат, кои треба да се пополнат дигитално (прилогот „А“ служи за барања за придонес за катедри по италијански јазик, додека прилогот „B” е наменет за барањата за придонес за патувања за јазично усовршување во Италија). Прописно пополнетите формулари треба да бидат потпишани од одговорното лице на институцијата барател и да содржат датум и печат на институцијата. Барањето за придонес – освен пополнетиот формулар – треба да содржи и писмо од ОБРАЗОВНАТА ИНСТИТУЦИЈА БАРАТЕЛ напишано на италијански јазик, во кое ќе бидат наведени податоците на училиштето (назив, адреса, контакт информации) и образложение за барањето, потпишано од одговорното лице на образовната институција.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Барањата за придонес треба да се поднесат до Амбасадата најдоцна до 12 март 2024 година, за да бидат проследени до Министерството занадворешни работи и меѓународна соработка на Италија.

ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ (Прилог А2 – Прилог В2)

Сите образовни институции кои биле корисници на придонеси од изминатите конкурси (приходна сметка 2619 програма 2), а сѐ уште не доставиле завршен извештај за употребата на истиот, ќе треба да достават до Амбасадата пополнет формулар со завршен извештај за употребата на последниот добиен придонес, користејќи го дигиталниот образец – прилог „А2“, доколку се работи за придонес за отворање или одржување на катедра по италијански јазик или образец „В2“ во случај на придонес за стипендии/патувања за јазично усовршување во Италија.

Се напоменува дека доставата на завршен финансиски извештај, покрај тоа што претставува предуслов за доделување на нови придонеси, е исто така и задолжителен услов за сите странски институции кои биле корисници на придонеси во изминатите пет години, независно дали институциите поднесуваат ново барање за придонес.

РОК ЗА ДОСТАВА НА ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ

Формуларите со завршен финансиски извештај мора да се достават до Амбасадата на Италија во Скопје најдоцна до 21 јуни 2024 година