Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со Институтот Данте Алигиери од Скопје и Академијата за дизајн Accademia Italiana од Фиренца, објавува конкурс за изработка на графичко решение кое ќе се користи како официјално лого за културните иницијативи организирани во рамките на одбележувањето на 30тата годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Италија и Северна Македонија, која ќе се прослави на 16 декември 2023 година.
Повикот е наменет за студенти по уметност, дизајн, архитектура и професионалци помлади од 30 години.
Краен рок за испраќање предлози: 05 мај 2023 година
Целосниот текст на повикот на македонски јазик: ПОВИК МК
Формулар за учество и изјава, образец А и Б на македонски јазик: ФОРМУЛАР А + Б
Техничко упатство за скицата: ЕЛАБОРАТ