Новата уредба на Министерот за здравство го прилагодува италијанското законодавство на новите европски одлуки (препораки). Ова е „мерка“ која останува на сила најдоцна до 14 јули (кога истекува важноста на мерките за превенција на пандемијата кои важат во овој момент).
Меѓу главните новости, потсетуваме дека:
• дозволени се патувања од студиски причини од и кон било која дестинација;
• без оглед на причината, дозволен им е влез во Италија на граѓаните и резидентите на ЕУ и нивните најблиски членови на семејството (сопружници, партнер, деца до 21 година, родители со кои живеат во заедница, други членови на семејството на нивен товар поради попреченост);
• без оглед на причината, дозволен е влез во Италија на жителите на 14 земји кои не се членки на ЕУ и на Шенген (Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај).
Потсетуваме дека патувањата од Република Северна Македонија се дозволени само поради следниве причини:
– документирани работни потреби;
– здравје;
– апсолутна итност;
– враќање во својот дом, живеалиште или место на престој;
– студиски причини,
и за истите сè уште е задолжителна обврската за домашна изолација од 14 дена.
На истиот дел достапни се и:
Новиот формулар на само-изјава: https://www.esteri.it/mae/resource/doc/2020/07/modulo_rientro_da_estero_30giu20.pdf
Ажурирани информации: https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti/focus-cittadini-italiani-in-rientro-dall-estero-e-cittadini-stranieri-in-italia.html