Италија е шеста земја во организацијата ОЕЦД и четврта во Европа по вредноста на бруто домашниот производ.
Сместена во срцето на Медитеранот, Италија претставува клучен центар за патни, морски и воздушни врски меѓу северот и југот на Европа. Италијанскиот пазар нуди безброј можности за проширување на бизнисите, со речиси 60 милиони потрошувачи и БДП што е рангиран на четвртото место во Европа.
Благодарение на својата стратешка локација, Италија овозможува лесно да се пристапи до 396 милиони потрошувачи во другите држави на Европската Унија и 240 милиони во Северна Африка и Блискиот Исток.
Во Европа, Италија е рангирана на прво место како земја со најниски трошоци во секторот биотехнологија, на второто место за тестирање на производи во истражувачки и развојни активности, во хемијата и електрониката.
Историјата на нашата земја, со многу античка историја и неоспорен примат во однос на бројните форми на културно и уметничко изразување (не случајно Италија е првата земја во светот по бројот на локалитети на УНЕСКО), во комбинација со динамиката на нашата индустрија и цврстината на структурата на малите и средни претпријатија, како и големите деловни конгломерати, ја прават Италија најпогодна локација за голем број инвестициски активности, кои варираат од агро-прехранбени производи, до текстил, до електроника, до терцијарен сектор.
Доколку сте заинтересирани да водите бизнис во Италија, предлагаме да погледенте:
- Why Invest in Italy од Агенцијата ICE и Министерството за економски развој
- Italia Startup Visa, сајт само на англиски јазик
- Макроекономските информации обезбедени од страна на Dipartimento del Tesoro del Ministero dell’Economia e Finanze
- Статистика за италијанската економија од Banca d’Italia
- Registro delle Imprese, каде што можете да најдете официјални информации за компании со седиште или локални единици на територијата на Италија.
- Најдете го вашиот италијански партнер Find Your Italian Partner во надлежност на Канцеларијата ICE