Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

ВОДЕЊЕ БИЗНИС ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Италијанските компании заинтересирани за водење деловни активности и бизнис во Република Северна Македонија можат да го посетат единствениот портал создаден од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија во соработка со Канцеларијата ICE, SACE и SIMEST: www.export.gov.it, посветен на италијанските извозници, на кој можат да се најдат информации, податоци и практични насоки за процедури, финансирање и помош за бизнисите.

Во однос на деловните можности во Северна Македонија, првичен преглед нуди веб-страницата InfoMercati Esteri, која постојано се дополнува и ажурира.

За информации за тендери и големи проекти кои се однесуваат на Северна Македонија, консултирајте ја веб-страницата EX-TENDER.

За информации во врска со пазарот во Северна Македонија и за комерцијалната динамика што ја карактеризира земјата, секогаш е можно да се контактира со Канцеларијата ICE во Скопје Agenzia ICE di Skopje, која својата дејност ја спроведува под надзор на Комерцијалната канцеларија на Амбасадата на Италија во Скопје.

Канцеларијата ICE, исто така, обезбедува информации за македонското законодавство што италијанскиот инвеститор мора да го знае пред да формира економска структура во Северна Македонија, правните и фискалните обврски и аспектите поврзани со законот за вработување, правилата што ги регулираат инвестициите и стимулациите што ги нуди македонската Владата. Други извори достапни за институциите на Северна Македонија (на англиски јазик) се:

  • Веб-страницата на Инвестирај во Северна Македонија Invest North Macedonia
  • Веб страната на Дирекцијата за ТИРЗ технолошки развојни зони TIRZ.