Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Од Амбасадата

Внеси ги параметрите за барање
Reset
9 март 2020
Препораки на македонското Министерство за надворешни работи во врска со вонредната состојба COVID-19

Согласно информациите добиени од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција – Италија, заради сериозноста на состојбата со COVID-19 во земјата, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија препорачува граѓаните да не патуваат во следниве региони и провинции: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, […]

Читај повеќе
9 март 2020
Конкурс за придонеси за странски универзитети за обуки и курсеви за надградување наменети за универзитетски професори по италијански јазик

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (Генералниот Директорат за промоција на системот Италија – MAECI DGSP) нуди на странските универзитети можност да добијат придонеси за обуки и курсеви за надградување наменети за универзитетски професори по италијански јазик. Придонесите се наменети за државни и приватни универзитетски институции кои ќе поднесат барање преку Дипломатските претставништва. Нема […]

Читај повеќе
5 март 2020
Конкурс за придонеси за катедри за италијански јазик во странски (не универзитетски) образовни институции, стипендии или студиски патувања.

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува конкурс за придонеси наменети за промовирање на италијанскиот јазик и култура во странските образовни не-универзитетски институции преку поддршка на катедрите за италијански јазик и финансирање на стипендии / студиски патувања. Придонесите се доделуваат пред се’ за создавање, одржување и функционирање на катедрите за италијански јазик при […]

Читај повеќе
4 март 2020
Нови мерки за патниците кои пристигнуваат од аеродромите Милано-Малпенса и Тревизо

Министерот за здравство на Република Северна Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција (4 март 2020 година) информира дека нема нови COVID-19 позитивни пациенти во земјава, покрај првата и единствена пациентка, која е хоспитализирана и е во добра состојба. Министерот исто така, за понатамошно зголемување на нивото на контрола, најави дека е воведена нова мерка што […]

Читај повеќе
3 март 2020
Конкурс за придонеси за институции и здруженија за обуки и курсеви за надградување за професори по италијански јазик во локалните училишта

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува конкурс за промоција на италијанскиот јазик во странски образовни, не-универзитетски институции. Конкурсот предвидува доделување на финансиски придонеси за организирање на обуки и курсеви за надградување, дури и од далечина, за локалните наставници по италијански јазик. Придонесите предмет на конкурсот не се наменети да го покријат целокупниот […]

Читај повеќе
27 февруари 2020
Посета на Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи Ди Мајо (Скопје, 11 февруари 2020 година)

Голем успех на посетата на Скопје на Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Луиџи Ди Мајо, повеќе од пет години по последната посета на италијански министер за надворешни работи и во решавачка фаза за перспективата за европска и атлантска интеграција на Северна Македонија, за што Италија ја потврдува својата силна и лојална поддршка. Одлични […]

Читај повеќе
27 февруари 2020
„Фарнезина„ е активна за точно информирање во странство

Пристапот кој италијанската влада го дава кон епидемиолошката вонредна состојба од КОВИД-19 беше навремен, како што потврдија и СЗО и ЕУ, но пред сè се заснова на максимална транспарентност и јасност кон националната заедница и меѓународните партнери. Ние, исто така, работиме со соседите за да развиеме усогласени протоколи и споделени активности за контроли врз лицата […]

Читај повеќе
25 февруари 2020
Вонредна состојба поради COVID – 19 – Коронавирус

Во врска со ширењето на вирусот „COVID – 19„ („коронавирус“),се известува дека македонското Министерство за здравство објави вчера, на 24 февруари 2020 година, посебни контролни мерки за сите патници кои влегуваат во Северна Македонија. На воздушните и копнените граници, сите патници ќе бидат проверени, проверка која во моментов се ограничува на вербални прашања. Подготвен е […]

Читај повеќе
23 февруари 2020
Инаугурација на Твининг проектот „Strengthening the prevention/counter violent extremism and counterterrorism coordination capacities“ со Карабиниерите

На 14 февруари во Владата се одржа инаугурацијата на Твининг проектот „Strengthening the prevention/counter violent extremism and counterterrorism coordination capacities“, финансиран од ЕУ и за кој Карабиниерите се изведувачи, во соработка со компанијата „in house“ на Министерството за економија и финансии „Studiare Sviluppo“. На настанот беа присутни и Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, Генералот […]

Читај повеќе
23 февруари 2020
Проф. Паола Северино, Специјален претставник на Претседателството на ОБСЕ за борба против корупцијата и Потпретседател на Универзитетот „LUISS Guido Carli”, во посета на Скопје

Проф. Паола Северино, Специјален претставник на Претседателството на ОБСЕ за борба против корупцијата и Потпретседател на Универзитетот „LUISS Guido Carli”, во посета на Скопје   Во Скопје од 10 до 11 февруари оствари посета проф. Паола Северино, специјален претставник на Претседателството на ОБСЕ за борба против корупцијата (потврдена во оваа позиција од сегашното албанско претседателство), […]

Читај повеќе