Во координација на Амбасадата, вчера вечер од Скопје тргна групата од 16 италијански државјани кои од аеродромот во Тирана, денес се вратија во Италија. Враќањето во Италија на италијанските државјани за да се соединат со своите семејства во овие тешки мигови, е овозможено благодарение на одличната соработка на Италијанската Амбасада во Тирана, на македонските и албанските власти на кои им се заблагодаруваме.