Се известува дека Конзуларното и Визното Одделение при Амбасадата на Италија во Скопје ќе бидат затворени за странки во попладневните часови на 24 и 31 декември. Во овие денови шалтерот ќе работи само од 9:00 до 13:00 часот.
Исто така се потсетува дека Амбасадата ќе биде затворена по повод празниците на следните дати:
- 25 и 26 декември
- 1 јануари
- 6 и 7 јануари.