Се соопштува дека од 20 март до 18 јули 2025 година е отворена кампањата на INPS за потврда на постоење во живот за периодот 2024-2025 за пензионерите со живеалиште во Северна Македонија.
Citibank ќе ги испрати барањата за потврда на постоење во живот директно на домашната адреса на пензионерите за коишто станува збор. Овие документи, потврдени со потпис од „сведок-службено лице“ (нотар или службено лице од Амбасадата), треба да се вратат во банката најдоцна до 18 јули 2025 година, инаку исплатата на пензијата ќе биде суспендирана од следната исплата.
Пензионерите кои лично подигнале и најмалку една рата преку шалтерите на Western Union непосредно со времето за проверка на постоењето во живот, се исклучени од обврската да ја достават потврдата.
Проверката на постоењето во живот може да се изврши лично или преку видео повик. За начинот на испраќање на документацијата и дополнителни детали, ве покануваме да ја консултирате соодветната секција на нашата веб-страница: Pensionet dhe sigurimet shoqërore – Ambasciata d’Italia Skopje.
За пријавување на посебни случаи, како што е на пример непримено плико, или за евентуални барања за појаснување, може директно да се контактира Сервисот за поддршка преку следниве начини:
– посетувајќи ја страницата www.inps.citi.com
– испраќајќи е-пошта на адресата inps.pensionati@citi.com
– повикувајќи го италијанскиот број +39 02 6943 0693 (од понеделник до петок, 8.00 – 20.00 по италијанско време).