Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

КОНКУРС ЗА НАГРАДИ И ПРИДОНЕСИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ИТАЛИЈАНСКИ КНИГИ ПРЕВЕДЕНИ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК, НА КНИЖЕВНИ И НАУЧНИ ДЕЛА (ВКЛУЧУВАЈЌИ ДИГИТАЛНИ ИЗДАНИЈА), ПРОДУКЦИЈА, СИНХРОНИЗАЦИЈА ИЛИ ТИТЛУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК НА КРАТКИ ФИЛМОВИ, ИГРАНИ ФИЛМОВИ И ТЕЛЕВИЗИСКИ СЕРИИ

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) на Италијанската Република објавува конкурс за награди и придонеси за преводи на странски јазици на литературни и научни дела (вклучувајќи дигитални изданија), продукција, синхронизација или титлување на странски јазици на кратки филмови, играни филмови и телевизиски серии.

КОРИСНИЦИ И ВИДОВИ НА ПРИДОНЕСИ

Издавачи, преведувачи, компании за продукција, синхронизација и титлување, дистрибутивни компании и културни институции, книжевни агенти и агенции можат да аплицираат за два вида поддршка:

2024. ПРИДОНЕСИ:

– поддршка за превод на странски јазик и промоција со објавување (исто така во формат на дигитална е-книга) на италијански литературни и научни дела, чие објавување е предвидено по 1 август 2024 година;

поддршка за продукција, синхронизација или титлување на кратки филмови, играни филмови и телевизиски серии кои ќе се реализираат по 1 август 2024 година.

Б. НАГРАДИ:

за превод на италијански дела (исто така во дигитален формат на е-книга), вклучувајќи кратки и играни филмови и телевизиски серии наменети за масовните медиуми, кои се преведени, објавени, дистрибуирани, продуцирани, синхронизирани, титлувани по 1 јануари 2024 година.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

Апликациите за придонеси или награди треба да се поднесат од страна на апликантите користејќи го соодветниот приложен формулар (со наслов 2024 modulo di domanda IT e EN), на италијански или англиски јазик.

Барањата во комплет со сите документи наведени во јавниот повик треба да се испратат до Амбасадата најдоцна до 24 април 2024 година.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Нема да се прифатат барањата за придонеси за дела кои се веќе објавени, дистрибуирани, преведени или синхронизирани на датумот на поднесување на апликацијата и за дела чија објава е закажана за датум пред 1 август 2024 година, односно објавени пред времето потребно за завршување на процедурата за доделување на грантови од страна на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република.

 

Нема да се прифатат ниту апликациите со барање за придонес кој е еднаков или поголем од целосниот износ на проектот. Исто така, придонесот на Министерството не смее да биде обврзувачки елемент за остварување на преводот, објавата, продукцијата, синхронизацијата или титлувањето на делото.

 

Нема да бидат земени предвид и барањата за придонес за реализација на проекти за кои апликантите се корисници на придонеси од други италијански институции.

 

Нема да се прифатат ниту барањата за придонес за објава на дела кои веќе биле предложени на минат конкурс за доделување награди или придонеси во други финансиски години, освен во случаите во кои Амбасадата ќе даде мислење дека е неопходно да се преиспита таквото барање и ќе го објасни со промената на контекстот.

 

Исто така нема да бидат земени предвид апликациите поднесени на поинаков начин од оној предвиден во ова известување.