Questo sito utilizza cookies tecnici (necessari) e analitici.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

КОНКУРС ЗА ПРИДОНЕС НА ИНСТИТУЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА ЗА КУРСЕВИ ЗА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И НАДОПОЛНУВАЊЕ ЗА ПРОФЕСОРИ ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК ВО ЛОКАЛНИТЕ УЧИЛИШТА

Министерството за надворешни работи и италијанска соработка (МАЕЧИ) објавува конкурс упатен кон институции промотори, училишни здруженија и непрофитни здруженија за одобрување на финансиски придонеси наменети за промоција на италијанскиот јазик и култура во не универзитетски установи преку спроведување на курсеви за стручно оспособување и надополнување на локални професори по италијански јазик.
Придонесите, предмет на конкурсот, не се насочени кон целосно покривање на трошоците за курсот, што значи, институцијата ќе треба да ги дефинира трошоците кои што е способна самостојно да ги покрие, приложувајки детален опис на проектот, користејќи го за таа цел приложениот образец што ќе треба да се пополни целосно (Образец Д – Formulario D).
Напоменуваме дека ќе биде неопходен минимален број од 10 учесници за предложените курсеви.
Ќе можат да бидат прифатени и барања за учество на курсеви за стручно надополнување во Италија или кои што ќе се спроведат надвор од Северна Македонија доколку придонесуваат за размена меѓу различните компоненти на италијанскиот систем на стручно оспособување во светот.
Барањето за одобрување на придонес, покрај обрасците, треба да содржи и ПИСМО ОД СУБЈЕКТОТ БАРАТЕЛ НА ПРИДОНЕС, изготвено на меморандум, во кое ќе се образложи барањето.
Субјектите кои што веќе биле корисници на придонес ќе треба да приложат и соодветниот образец со завршен финансиски извештај за употребата на последниот придонес за курсеви за стручно оспособување и надополнување на професори по италијански јазик (Образец Д2- Formulario D2). Поднесувањето на горенаведениот образец за отчет, освен тоа што е услов за одобрување и доделување на бараниот придонес за тековната училишна година, во секој случај претставува и задолжителна обврска која што сите субјекти кои што добиле придонес мораат да ја исполнат дури и во случае да не поднесат ново барање.
Субјектите баратели ќе треба да ги користат единствено обрасците приложени кон оваа порака, кои треба да бидат пополнети дигитално, без никаква исправка во текстот. Освен тоа, на уредно пополнетите обрасци ќе треба да се додаде потпис на одговорното лице на субјектот барател, датум и печат.
Потсетуваме дека активностите ќе треба да започнат во 2024 година и да завршат до 28 февруари 2025 година.
Во согласност со она што е предвидено со важечкиот закон, оценувањето на барањата ќе биде извршено од Амбасадата.
POK: Барањето за придонес ќе треба да биде доставено до Амбасадата до 31 март 2024 година.