Академијата за Професионална Обука во мода, дизајн и маркетинг Макекапмус од Четона (Сиена) нуди 14 стипендии за курсеви за обука во полето на модата и дизајнот. Споменатите курсеви, наменети за италијански и странски студенти на возраст од 18 до 25 години, вклучуваат 9 месеци обука и 6 месеци работно искуство во фирма од секторот. Понудените ступендии ги покриваат трошоците за упис на курсот и сместување. Конкурсот е објавен на страницата https://makecampus.it/ а рокот за пријавување е до 31 август 2023 година.