На 23 мај Претседателот на Домот на Пратеници, Лоренцо Фонтана оствари средба во Палатата Монтечиторио со Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, кој пристигна во Рим по повод официјалната посета на македонската делегација за чествување на Денот на Светите Кирил и Методиј.
За време на состанокот, Претседателот Фонтана искажа задоволство за долгата традиција на заедничко славење на делото на Словенските Просветители. Фонтана упати честитки и за напредокот на европскиот пат на Северна Македонија и истакна дека одличната билатерална соработка меѓу земјите се вклопува и во контекстот на Јадранско-јонската Иницијатива и на Централно-европската Иницијатива, во која Италија е меѓу земјите основачи.Исто така ја нагласи и поддршката која Италијанската Република ја дава за европската интеграција на Северна Македонија и во таа смисла забележа дека уставните реформи претставуваат значаен чекор напред кон Унијата.
Претседателот Џафери потсети дека годинава се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Италијанката Република, односи кои се карактеризираат со одлична политичка соработка, како и динамична економска соработка – Италија е меѓу најзначајните економски и трговски партнери на Северна Македонија. Џафери се заблагодари и за постојаната поддршка на Италија за влез на Северна Македонија во ЕУ и информираше околу процесот на скрининг кој е се одвива во моментот. Околу македонската дијаспора во Италија, Џафери искажа благодарност за позитивниот однос кој Италијанската држава отсекогаш го имала кон неа.