Уредба на Министерот за здравство од 14.05.2021. Нови мерки за влез на националната територија
Ажурирање 14.05.2021 – Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република подготви информативен прашалник за да им помогне на своите корисници да разберат дали и под кои услови е можно во овој момент да влезат / да се вратат во Италија или да заминат во странство од Италија. Прашалникот е достапен на: https://infocovid.viaggiaresicuri.it
Влез на италијанска територија за оние кои доаѓаат од Република Северна Македонија
Остануваат забранети влезот и транзитот на националната територија за лица кои транзитирале или престојувале во државите и териториите наведени во „листата Е„ (која ја вклучува и Северна Македонија) во претходните четиринаесет дена, освен ако не постои една или повеќе од следниве причини, докажани со посебен формулар за самоизјава пополнета според овој модел:
a) докажани потреби за работа;
b) апсолутна итност;
c) од здравствени причини;
d) поради школување;
e) враќање во сопственото место на живеење или престој;
f) влез на националната територија на Италија од страна на државјани на земјите членки на Европската Унија, земји потписници на договорот Шенген, државјани на Велика Британија и Северна Ирска, Андора, Кнежевството Монако, Република Сан Марино и на Државата Ватикан;
g) влез на националната територија на Италија од страна на членови на семејството на физички лица што припаѓаат на категоријата f), како што се дефинирани во членовите 2 и 3 на директивата 2004/38/ЦЕ на Европскиот парламент и Советот, од 29 април 2004, што се однесува на правото на граѓаните на Европската Унија и членовите на нивните семејства слободно да се движат и да престојуваат на територијата на земјите членки, што ја изменува одредбата (ЦЕЕ) бр. 1612/68 и ги поништува директивите 64/221/ЦЕЕ, 68/360/ЦЕЕ, 72/194/ЦЕЕ, 73/148/ЦЕЕ, 75/34/ЦЕЕ. 75/35/ЦЕЕ. 90/364/ЦЕЕ, 90/365/ЦЕЕ и 93/96/ЦЕЕ;
h) влез на националната територија на Италија од страна на државјани на трети земји со регулиран долг престој во согласност со директивата 2003/109/ЦЕ на Советот, од 25 ноември 2003, што се однесува на статусот на граѓани од трети држави што имаат регулирано долг престој, како и за државјани од трети држави што имаат право на престој во согласност со други европски регулативи или пак италијански национални нормативи;
i) влез на националната територија на Италија од страна на членови на семејство на физичките лици што припаѓаат на категоријата h), како што се дефинира во членовите 2 и 3 од директивата 2004/38/ЦЕ на Европскиот парламент и на Советот, од 29 април 2004, што се однесува на правото на граѓаните на Европската Унија и на членовите на нивните семејства слободно да се движат и да престојуваат на територијата на земјите членки, што ги изменува одредбите (ЦЕЕ) бр. 1612/68 и ги поништува директивите 64/221/CEE, 68/360/CEE, 72/194/CEE, 73/148/CEE, 75/34/CEE, 75/35/CEE, 90/364/CEE, 90/365/CEE и 93/96/CEE;
l) влез на националната територија на Италија со цел пристигнување во местото на живеење или на престој на лицата од категориите f) и h), со кои постои докажана и стабилна емотивна врска, и во случај лицата да не живеат заедно.
Обврски при влез на италијанска територија за лицата кои доаѓаат од Република Северна Македонија
Лицата кои престојувале или транзитирале, во претходните четиринаесет дена пред влезот во Италија, во држави или територии на листата Е, во која е вклучена Северна Македонија, иако без симптоми, должни се да ги почитуваат следните обврски:
а) патот од местото на влегување на националната територија или од местото на пристигнување за влез во Италија до домот или живеалиштето, каде што ќе се изврши периодот на здравствен надзор и самоизолација се одвива исклучиво со приватно возило, освен во случај на транзит на аеродром;
б) обврзани се веднаш да го соопштат влезот во Италија до Одделот за превенција на надлежниот локален здравствен орган, да прикажат потврда за извршен молекуларен или антиген тест за Ковид 19 со негативен резултат направен не подоцна од 72 часа пред влезот на национална територија, да почнат здравствен надзор и самоизолација во период од 10 дена. На крајот на периодот на самоизолација задолжително е правење нов молекуларен или антиген тест.
Во случај на влез на национална територија со воздушен транспорт, дозволено е да се продолжи патувањето до крајната дестинација означена во самоизјавата со друг лет, под услов да не се напуштаат специјално назначените области во рамките на терминалите.
Во случај на појава на симптоми на КОВИД-19, останува обврската да се извести веднаш здравствениот орган преку посебните телефонски броеви и да се подложите на изолација, во очекување на последователните инструкции на здравствениот орган.
Внимание, почнувајќи од 24 мај 2021 година, секој што влегува во Италија, без разлика на времетраењето на престојот, од странски држави или територии наведени во листите Б, Ц, Д и Е од анексот 20 од Уредбата од италијанската Влада од 2 март 2021 година, со какво било превозно средство, пред влегување на национална територија, задолжително мора да го пополни формуларот т.н. Passenger Locator Form – Локатор на патници во дигитален формат на следниве начини:
1. Поврзете се на страницата https://app.euplf.eu/#/
2. Следете го процедурата за пристап до dPLF
3. Изберете ја „Италија“ како земја на дестинација
4. Регистрирајте се на страницата со создавање лична сметка со корисничко име и лозинка (регистрацијата е потребна само при првиот пат)
5. Пополнете и испратете го dPLF следејќи ја постапката.
Откако ќе го испратите формуларот, патникот ќе го добие формуларот dPLF во формат pdf и QRcode на e-mail адресата наведена за време на регистрацијата, кој ќе треба да го покаже директно од неговиот смарт телефон (во дигитален формат) за време на качувањето/бординг и на кој било именуван за вршење на контролите. Како алтернатива, патникот може да отпечати копија од dPLF за да ја покаже при качување. DPLF мора да се пополни и испрати задолжително пред да се качите во авион/превозно средство. Во секој случај, полето кое се однесува на бројот на седиштето доделено на транспортното средство секогаш ќе може да се промени. Формуларот мора да се пополни за секој возрасен патник; во случај на присуство на малолетници, тие треба да бидат регистрирани во придружниот формулар на возрасните. Во случај на малолетници без придружба, старателот мора да го пополни dPLF пред заминување. Пополнувањето на дигиталниот формулар ја заменува само-декларацијата наведена во уредбата 50, став 1, од указот на Претседателот на Советот на министри од 2 март 2021 година. Во исклучителни случаи, односно исклучиво во случај на технолошки пречки, ќе биде можно да се пополни хартиен формулар според примерот достапен на порталот на Министерството за здравство – Нов коронавирус, во делот Патници.
Исклучоци од обврската за самоизолација и тест на крајот на периодот на самоизолација
Со уредбата од 14 мај 2021 од Министерот за здравство, на сила од 16 мај до 30 јули 2021 година, правилата за исклучоците претрпеа мали промени. Подолу се наведени категориите за кои постои целосно или делумно ослободување од тест и/или карантин.
I. ЦЕЛОСНО ОСЛОБОДУВАЊЕ: Исклучоци од обврската за тест не постар од 72 часа пред пристигнување, изолација и тест на крај на периодот на самоизолација
Под услов да се пополни изјава или дигитален формулар и да не се појават симптоми на Ковид 19 обврските во врска со молекуларен или антиген тест 48 или 72 часа пред патување и каде е предвидено, здравствен надзор самоизолација од 10 дена со тест на крајот на тој период не се применуваат:
· на екипажот на транспортните возила
· на персоналот кој патува;
· на патувања од и до Државите и територии од Листата А;
· на секој што влегува во Италија за период не подолг од 120 часа за докажана и документирана работа, здравје или апсолутно итни потреби, со обврска, при истекот на наведеното време, веднаш да ја напушти националната територија или, ако не успее во тоа, да го започне периодот на здравствен надзор и самоизолација во согласност со став 1 до 5 од чл. 51 од Уредбата 2 март 2021;
· на секој што транзитира, со приватно возило, на италијанска територија во период не подолг од 36 часа, со обврска, при истекот на наведеното време, веднаш да ја напушти националната територија или, ако не успее во тоа, да го започне периодот на здравствен надзор и самоизолација во согласност со став 1 до 5 од чл. 51 од Уредбата 2 март 2021;
· на прекугранични работници кои влегуваат и ја напуштаат националната територија од докажани работни причини и последователно на тоа се враќаат во нивниот престој, дом или живеалиште;
· на персоналот на компании и правни субјекти кои имаат главно или секундарно седиште во Италија за патување во странство за докажани работни потреби кои не траат повеќе од 120 часа;
· службеници и агенти на Европската Унија, на меѓународни организации, персонал на дипломатски мисии и конзулати, воен и полициски персонал во извршувањето на своите должности, на персоналот на Системот за безбедносни информации на Републиката и на персоналот на пожарникарската служба во извршувањето на своите должности;
· на ученици и студенти за посетување курс на студии во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која тие се враќаат секој ден или барем еднаш неделно;
I I. ДЕЛУМНО ОСЛОБОДУВАЊЕ: Задолжителен тест не постар од 72 часа пред пристигнување но исклучок од обврската за изолација и тест на крајот на изолацијата.
Уредбата од 14 мај 2021 предвидува обврска за молекуларен или антиген тест направен не подоцна од 48 или 72 часа пред влезот во Италија, во случај на престој/транзит во земјите од листите Ц/Д/ или Е за:
· на здравствениот персонал што влегува во Италија за вршење на професионални здравствени обврски, вклучувајќи ја и привремената работа според член 13 од законскиот декрет од 17 март 2020 година, бр. 18.
Оваа категорија е ослободена од оврската за изолација и тест на крајот на изолацијата. Останува обрската за пополнување на дигитален формулар или самоизјава.
I I I. ДЕЛУМНО ОСЛОБОДУВАЊЕ: Во врска со буквата h) од членот. 51, став 7 од Уредбата на Владата од 2 март 2021 година, граѓаните и резидентите на државите и териториите наведени во списоците А, Б, Ц и Д кои влегуваат во Италија од докажани работни причини над 120 часа (исто така и доколку доаѓаат од земјите во списокот Д или Е, освен од Бразил, Индија, Шри Ланка и Бангладеш), во секој случај мора да се приложат молекуларен или антиген тест направен во рок не подоцна од 48 или 72 часа пред влегувањето во Италија, во зависност од текот на патувањето, но не подлежат на десет (10) дена изолација и последователно тестирање на крајот на истата. Останува обврската за пополнување на образецот за дигитален формулар или самоизјава.
За целосната норматива и за условите за влез во Италија во однос на мерките за борба против Ковид19 посетете ја веб-страницата на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка: https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti/focus-cittadini-italiani-in-rientro-dall-estero-e-cittadini-stranieri-in-italia.html