Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Одбележување на Денот на Вооружените Сили и Националното Единство на Италија

Амбасадорот Силвестри, заедно со Аташето за одбрана, Полк. Монталто, учествуваа изутринава на прославата на Денот на Вооружените Сили и Националното Единство на Италија. Истата се одржа во Битола, пред спомен плочата подигната во чест на 3000 италијански војници, загинати во Северна Македонија за време на Првата светска војна.

На церемонијата, одржана во ограничен број на присутни и согласно мерките за борба против Ковид, учествуваа и Началникот на Генералштаб, Ген. Ѓурчиновски, со група воени претставници, Градоначалничката на Град Битола, Наташа Петровска, и воени аташеа од други земји.

Ова е прво одржување на ваквата прослава после влегувањето на Северна Македонија во НАТО.

Нека споменот за жртвата на нашите паднати војници помогне во изградбата на иднина на мир и заеднички просперитет.