Културата – место за средба меѓу локалното и глобалното знаење – е привилегиран посредник меѓу различни општества, иако близок поради заедничките историски корени.
Меѓу најголемите приоритети на Амбасадата е токму промоцијата на италијанскиот јазик и култура, камен-темелник на огромното културно наследство кое дејствува како мост меѓу цивилизациите и го поттикнува дијалогот.
Билатералната соработка на полето на културата се заснова на „Договорот за соработка во областа на културата, образованието и науката помеѓу Владата на Италијанската Република и Владата на Република Северна Македонија, потпишан во Скопје на 21 јануари 1998 година, со кој се дефинира општата рамка на соработка на полето на културата.
Врз основа на член 19, овој договор е конкретизиран преку „Извршни програми“, од кои последната беше потпишана на 20 октомври 2022 година. Конкретно, V Програмата за соработка во областа на образованието, културата и науката, помеѓу Италијанската Република и Република Северна Македонија – која трае три години – обезбедува рамка за обемната соработка што веќе е започната помеѓу двете земји во гореспоменатите области, со иницијативи како што се изложби, музички настани, кинематографски и театарски настани, издаваштво, реставрација и валоризација на културното и природното наследство, меѓу универзитетска и меѓуучилишна соработка, како и промоција во соодветните земји.
Треба да се спомене и „Договорот за филмска копродукција помеѓу Владата на Северна Македонија и италијанската влада“, потпишан во Скопје на 15 ноември 2002 година, како и договорот на Националното здружение на италијански наставници, кое со години ја координира мрежата на наставниците по италијански јазик кои работат во училиштата од сите нивоа во земјата и на универзитетите со Италијанската амбасада. Овој договор е потпишан на 24 мај 2023 година и има за цел да ги зголеми активностите за промоција и ширење на италијанскиот јазик во училиштата и универзитетите во Северна Македонија.
Значителен дел од културната активност е посветена на унапредување на наставата по италијански јазик во Северна Македонија која се изучува во 47 основни и средни училишта и – на академско ниво – на 5 универзитети, достигнувајќи вкупно училишна опфатеност од 3000 слушатели.
Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка ја поддржува наставата на италијанскиот јазик во земјава, со назначување од страна на Министерството, на професор со вон академски улоги на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и со обезбедување низа доприноси за:
- создавање и одржување на активни италијански катедри во странски образовни институции;
- Катедра на универзитети насочени кон промоција на италијанскиот јазик и култура во странство;
- стипендии и патувања за стручно оспособување во Италија;
- купување и набавка на книги и наставни материјали, вклучително и во дигитален формат, кои ќе се доделуваат на странски училишта и универзитетски институции за поддршка на италијанскиот јазик;
- курсеви за обука и стручно усовршување за наставници по италијански јазик во локалните училишта;
- дисеминација на италијански книги со преводи на странски јазици на литературни и научни дела, продукција, синхронизација или титлување на странски јазици на кратки филмови, играни филмови и телевизиски серии.
Понатаму, Амбасадата, во согласност со своите институционални задачи и благодарение и на одличната соработка со сите субјекти во земјата, со Италијанската Трговска Агенција ИТА во Скопје, со канцеларијата Конфиндустрија Северна Македонија, со Одделот за италијанистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Здружението на професори по италијански јазик во Северна Македонија (ЗПИРМ) и со Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје организира многубројни активности на полето на културата и промоцијата на италијанскиот јазик кои се поделени на повеќе годишни настани кои се одржуваат во континуитет, меѓу кои може да ги наброиме: „Недела на италијанскииот јазик“, „Недела на италијнскиот филм“, „Недела на италијанската кујна“ со значаен импакт врз македонската културна панорама. Амбасадата исто така создава и поддржува различни иницијативи и настани поврзани со уметност, музика, литература, кино, театар, танц, мода, фотографија, архитектура, дизајн и кујна.
Сите заинтересирани можат да ја разгледаат програмата на културни настани објавена на Фејсбук страницата на Амбасадата, Twitter(x), Instagram (@ItalyinMKD).