Кој може да аплицира за грант?
– Странски и италијански истражувачи, наставници, експерти, уметници и културни оператори кои живеат во странство а се поканети да поминат одреден временски период на италијански универзитети или културни институции поради студиски или истражувачки причини;
– Италијански и странски истражувачи, наставници, експерти, уметници и културни оператори кои живеат во Италија најмалку две години а се поканети да поминат одреден временски период на странски универзитети или културни институции поради студиски или истражувачки причини.
Колку изнесува придонесот?
Придонесот се состои од дневна паушална сума кои може да се исплати за најмногу 10 дена, од кои 250 евра дневно се доделуваат за престој до 5 дена плус 50 евра дневно сметајќи од шестиот до десетиот ден на престојот во странство или во Италија, со максимална вредност до 1.500 евра по една мисија односно патување. Со цел да се поттикне соработката со одредени стратешки и географски оддалечени земји за кои патните трошоци се повисоки, како што се земјите во Азија, Африка (со исклучок на средно-источната и северна област на Африка) и Америка, предвидени се грантови со износ од 350 евра дневно за престој до 5 дена плус 250 евра дневно сметајќи од шестиот до десеттиот ден, до максимум 3000 евра за еден барател. Администрацијата го задржува правото да ја измени листата на горенаведените области.
Во врска со начинот на сметање на деновите за придонесот, во пресметката треба да се вклучат само денови кога се извршуваат истражувачки/културни активности.
Каде треба да се испрати апликацијата?
Апликацијата треба да се поднесе до Италијанскиот културен институт и до Одделението за *-координација за италијанските институти за култура (адреса на е-пошта dgdp.unic.cap2619@esteri.it ). Доколку нема Италијански културен институт во референтната земја, пријавата треба да се испрати до италијанското дипломатско-конзуларно претставништво надлежно за територијата, односно до Амбасадата на Италија во Скопје (culturale.skopje@esteri.it).
Кои документи треба да ги содржи апликацијата?
Апликацијата мора да ги содржи следните документи:
Прилог 1 Изјава;
Прилог 2 Писмо од италијанскиот/странскиот универзитет или културната институција од која сте биле поканети да престојувате во Италија/странство;
Прилог 3 Писмо за прифаќање на поканата од страна на кандидатот;
Прилог 4 Биографија
Прилог 5 Копија од важечки документ за идентификација
Прилог 6 Потпишана изјава за согласност за обработка на лични податоци;
Прилог 7 Образец со личните податоци на корисникот и банкарските податоци, испратен исклучиво во Word формат. Документите зачувани во други формати нема да бидат прифатени;
Прилог 8 Потврда за престој издадена од институцијата домаќин;
Прилог 9 Финален извештај за извршените активности;
Прилог 10 Патни документи, како што се авионски билети и карти за бординг.
Како ќе се исплати придонесот?
Придонесите ќе се уплаќаат преку банкарска дознака на жиро сметката на апликантот.
Дали е потребно да се достави завршен извештај?
Корисниците на придонесот мора да испратат до надлежната Канцеларија (Институтот за култура или Дипломатското Претставништво) до кој ја поднеле апликацијата извештај за извршените активности за време на мисијата.
РОК ЗА АПЛИЦИРАЊE: Апликациите мора да се достават до Амбасадата на Италија во Скопје најдоцна до 21 јули 2025 година. Придонесот е наменет за сите активности кои се реализирани односно ќе се реализираат во периодот од 1 јануари до 15 ноември 2025 година. Имајте предвид дека барањата за придонеси за мисии кои ќе се реализираат по овој датум нема да бидат земени предвид.