Известуваме дека во рамките на 52. издание на Меѓународните книжевни награди Флајано и во соработка со италијанскиот Институт за култура во Белград, ќе се одржи и 24. издание на меѓународната награда Флајано за италијанистика – Лука Атанасио.
Промовирана и организирана од Фондацијата Едоардо Тибони и Културното здружение Енио Флајано, во соработка со Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка и Италијанските културни институти во странство, наградата промовира дела од полето на италијансистиката во светот и претставува важно средство за културна промоција, кое ги поврзува димензиите на лингвистичката и уредничката промоција.
Трета година по ред ќе биде доделена и посебна награда за млади (на возраст до 35 години) посветена на новите дигитални јазици, со цел да се поддржи промоцијата на италијанската култура во светот преку младите генерации и новите технологии.
Услов за учество е пријавените дела да обработуваат теми од италијанската култура и да бидат објавени во Република Северна Македонија на италијански или странски јазик во периодот од 1 април 2024 година до 15 април 2025 година.
Жирито на наградата, составено од меѓународни експерти за култура, ќе објави четворица добитници: тројца автори ќе бидат добитници на наградата за италијанистика, додека за категоријата „под 35 години“ ќе биде доделена награда на автор чии дела се споделуваат преку нови технологии (кратки филмови, спотови, текстови).
Пријавените дела треба да пристигнат до 20 април. на електронската адреса sonia.miserendino@esteri.it, придружно со писмена презентација на делото и неговиот автор.
Доделувањето на наградата ќе се одржи во Пескара на 28 јуни 2025 година. Трошоците за храна и сместување на четворицата победници ќе бидат покриени од Генералниот директорат за јавна и културна дипломатија – Канцеларија IV. Наградата не може да ја подигнат трети лица. Секое отсуство на победник ќе резултира со губење на правото на наградата.