Центарот за книги и читателство при Министерството за култура на Италија, во соработка со Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, го објавува четвртото издание на Конкурсот „BookTuberPrize“.
Конкурсот има за цел да биде можност за запознавањето со книгите меѓу младите, развивајќи кај нив способност за разбирање, синтетизирање, критичко размислување и стимулирање на нивните дигитални вештини преку употреба на информатичка технологија.
Конкурсот, инспириран од фигурата на bookubers – „video-bloggers“ активни во издавачката област – нови професионалци кои ги споделуваат своите прочитани искуства преку снимање видеа поставени на интернет, е наменет за младите на возраст од 15 до 25 години, од Италија и од странство, поделени во две возрасни групи – 15/19 години и 20/25 години – со намера да се стимулира внимателното и свесно читање на книга, а потоа да се создаде видео рецензија, за поттикнување на создавање млади заедници на читатели кои разменуваат мислења и рецензии, како и за промоција во странство на италијанските издавачки производи, без разлика дали се печатени или дигитални.
Учесниците, откако ќе изберат и прочитаат книга или стихозбирка, ќе треба да ја опишат нејзината содржина преку видео запис од максимум 2 минути, во формат mp4.
Видеото може да го направат едно, две или три лица.
Може да се избере помеѓу две тематски категории:
– проза: рецензија на роман од италијански(а) писател(ка) објавена од 2000 год. до денес;
– поезија: рецензија на поетска збирка објавена од 2000 год. до денес.
Во секој случај, мора да се работи само за книги на италијански јазик, напишани од италијански автори, објавени од италијански издавачи во наведениот временски период.
Јазикот што ќе се користи за презентација на рецензијата треба да е италијански.
Евалуацијата на видеата ќе ја врши специјално назначено жири составено од експерти, кои ќе ги оценуваат двете категории учесници: 15/19 години и 20/25 години.
Според Правилникот, поднесувањето на материјалите треба да се изврши заклучно со 2 мај 2022 година.
Записите мора да бидат поставени на канал на YouTube, поединечно, не како дел од плејлиста.
Линковите, заедно со пополнетиот и потпишан формулар за учество (Анекс А од Правилникот) и со објавите (Анекс Б и Анекс В), треба да се испратат на следната адреса: scuola.cepell@beniculturali.it. Победниците ќе бидат објавени за време на Меѓународниот саем на книгата во Торино 2022 година или на специјално организиран настан и ќе бидат наградени за секоја возрасна група:
1 место: ваучер за книги во вредност од 500 евра;
2 место: ваучер за книги во вредност од 300 евра;
3 место: ваучер за книги во вредност од 200 евра.
Книжарницата во која ќе може да се потроши ваучерот ќе биде одредена со изданието на наградата „Мај на книгите“ (Maggio dei libri) за 2022 година.