За академската 2026–2027 година, Универзитетот Ка’ Фоскари во Венеција обезбеди пакет стипендии, наречени Ca’ Foscari Honours Scholarships, наменети за меѓународни студенти кои постигнале извонреден успех и имаат намера да се запишат на додипломски или магистерски студии (на италијански или на англиски јазик).
Поконкретно конкурсот предвидува:
-
8 стипендии за студентки и студенти на додипломски студии во износ од 10.000 евра годишно, во времетраење од три години;
-
20 стипендии за студентки и студенти на магистерски студии во износ од 10.000 евра годишно, во времетраење од две години.
За повеќе информации: https://www.unive.it/pag/19545