Системот за влез/излез (EES) е новиот европски систем за управување со границите, кој го регистрира преминувањето на надворешните граници на 29 европски земји од страна на граѓани и граѓанки на трети земји кои патуваат во Европа за краткорочно престојување.
Почнувајќи од 12 октомври 2025 година, 29-те европски земји што го користат EES постепено во текот на шест месеци ќе го воведуваат овој систем на своите надворешни граници.
Во текот на овој период, можно е податоците за патниците да не се земаат веднаш на секој поединечен граничен премин.
Откако постепеното воведување на системот ќе заврши, EES ќе биде целосно функционален на премините на надворешните граници.