Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Конкурс за Западен Балкан

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (Дирекција за Европа и меѓународна трговска политика – DGUE) објави оглас (т.н. Конкурс за Западен Балкан) за поддршка на проекти чија цел е да овозможат италијанско учество во меѓународни мировни и хуманитарни иницијативи, како и во инцијативи за заштита на човековите права. Финансиските придонеси се доделуваат на предлог проекти чии цели се поврзани со следните тематски области во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија):

  1. консолидација на демократските институции и поддршка на процесите за национално и регионално помирување, зајакнување на пристапниот процес кон ЕУ на земјите од Западен Балкан и промоција на европската интеграција, превенција на тероризмот и екстремизмот, реформа на правосудниот сектор и изборните системи, транспарентност и борба против корупцијата и организираниот криминал;
  2. вклучување и вреднување на младите генерации, жените и националните малцинства во процесите на регионално помирување и интеграција во ЕУ;
  3. зајакнување на заштитата и унапредување на човековите права;
  4. промовирање и ширење на почитувањето на меѓународното и хуманитарното право.

Предложените иницијативи може да бидат билатерални или регионални.

Секој избран предлог проект може да добие грант не поголем од 90% од вкупните трошоци потребни за реализација на предложените активности во максимален износ од 30.000 евра.

Сите предложени иницијативи мора да имаат максимално времетраење од 12 месеци, сметано со почеток од датата на испраќање на потврда за прифаќање на грантот за реализација (согласно член 9 став 4 од Огласот), со можност за испраќање на барање за продолжување на рокот за завршување на проектните активности поради неоспорни и оправдани причини (кои треба да бидат докажани од страна на корисникот на грантот).

Поднесувањето на предлозите од страна на приватни субјекти кои имаат правно седиште во Италија или пак во друга земја на Европската унија се врши исклучиво преку сертифицирана електронска пошта на адресата dgue.adriatico-balcani@cert.esteri.it и истовремено на bandobalcani@esteri.it. Електронската пошта во предметот треба да го содржи насловот „RIF. Bando Balcani 2025“ како и името на субјектот предлагач.

За субјектите кои имаат правно седиште во земја која не е член на ЕУ (како Северна Македонија), апликацијата се поднесува исклучиво преку Дипломатското претставништво (во овој случај, преку Амбасадата на Италија во Скопје). Апликацијата, изготвена според приложениот модел и комплетирана со сите придружни документи посочени во приложениот оглас, може да се испрати електронски на адресата segreteria.skopje@esteri.it или во хартиена форма на адресата на Амбасадата на Италија во Скопје (8. Ударна Бригада бр.22, 1000 Скопје) со назнака „Конкурс за Западен Балкан“.

Крајниот рок за поднесување на барањата е до 12:00 часот на 30 септември 2025 година.

За повеќе инфомрации околу начинот на поднесување на барањата и условите за учество на конкурсот прочитајте го огласот и документите во прилог: