На 10 септември 2024 година, заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Антонио Тајани, се сретна во Скопје со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски. На средбата беше потврдено целосното внимание на Италија кон евроинтеграциската перспектива на земјата и беше повторена заложбата за натамошно зајакнување на билатералната соработка, особено во стратешките сектори и со посебен акцент на трговијата и инвестициите.
Во рамки на посетата, која претставуваше прва дипломатска мисија на министер за надворешни работи од земја членка на Европската унија во Скопје по формирањето на новата Влада на Северна Македонија, министерот Тајани се сретна и со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателот на Собранието Африм Гаши и со претседателката на Републиката Гордана Сиљановска Давкова.


