Во согласност со Уредбата на италијанското Министерство за здравство од 28 април 2022, со кој се продолжуваат до 31 мај 2022 мерките за влез во Италија од странство, не е повеќе потребно да се приложи Дигиталниот формулар за патникот Passenger Locator Form (PLF).
За влез на италијанската територија, доволно е да се прикаже Зелениот ковид-19 сертификат односно:
– потврда за вакцинација добиена со 2 дози на вакцини признаени од Европската агенција за лекови (втората доза треба да е со важност не постара од 9 месеци), или со трета доза бустер (добиена и по вакцините Синофарм/Синовак и Спутник) во моментов без одреден рок на траење;
– или сертификат за прележан ковид (важност 180 дена)
– или негативен молекуларен ПЦР (72 часа) или брз антиген тест (48 часа).