Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Презентација на повикот на CEI – KEP 2022: Скопје, 27 мај, Хотел Мериот

Централноевропската иницијатива (CEI) и Амбасадата на Италија во Скопје имаат чест да ве поканат на презентација на програмата “Know-How Exchange Programme” (KEP) 2022, целосно финансирана од владата на Италија преку фонд на ЦЕИ/ЕБОР.

Повикот за поднесување предлог проекти во рамките на Програмата е отворен до 13 јуни 2022 година. На овој настан ќе имате можност да се запознаете со правилата за аплицирање, но и со успешни примери на проекти финансирани во изминатите години во рамките на овој повик.

Настанот ќе се одржи на 27 мај во хотел Мериот, Скопје, од 10:00 до 12:00 часот (од 9:30 регистрација и кафе за добредојде).

По излагањата и презентациите на успешните проекти, претставникот на ЦЕИ г.ѓа Елизабета Довиер и претставникот на Министерството за надворешни работи на Италија, г.ѓа Симона Мамели ќе бидат достапни за консултации и прашања во врска со повикот. Настанот ќе заврши со мал прием за запознавање и нетворкинг.

Презентациите ќе бидат на англиски јазик.

Ве молиме да го потврдите вашето присуство на segreteria.skopje@esteri.it или на 02.3236504/3