Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (Генералниот Директорат за промоција на системот Италија – Direzione Generale per la Promozione del Sistema Paese), во согласност со DGIT и за 2022 година објави годишен конкурс-награда за проектот “VIVO D’ARTE” посветен на млади италијански уметници (кои се под 36 годишна возраст) со постојан престој во странство. Иницијативата всушност се потврди како одлична алатка за зајакнување на креативноста и талентот на нашите млади сонародници кои живеат во странство, со крајна цел да промовира интеграција и контаминација со локалните култури и уметнички сцени и да придонесе за создавање меѓународна мрежа на италијански уметници.
Наградата е поделена на два различни дела: еден посветен на сценските уметности (музика, театар, современ танц), вториот на визуелните уметности (визуелна уметност, скулптура, видео арт), секоја од нив реализирана од Минстерството во соработка со партнерите фондацијата “Fondazione Romaeuropa ” за сценски уметности и со Музејот на модерна уметност во Болоња (MAMbo) за визуелни уметности.
За да бидат примени на конкурсот – награда, уметниците кои ќе го достават својот проект мора:
а) да имаат италијанско државјанство;
б) да се регистрирани во AIRE најмалку една година од датумот на истекување на конкурсот;
в) да не се над 36 години на датумот на истекување на конкурсот;
г) да бидат докажани уметници кои работат во специфичните сектори на современиот театар, танц или музика во најширока смисла на зборот.
При оценувањето на презентираните проекти, особено ќе се земе предвид оригиналноста, вреднувањето на елементите на контаминација и спојот меѓу италијанската култура и онаа на странските земји на живеење на уметниците, можниот карактер на интеграција помеѓу две или повеќе уметнички дисциплини (театар, музика, танц) содржани во предложеното дело.
За сите други информации, погледнете го целосниот конкурс за наградата „Vivo d’Arte – arti performative“ (линк).
РОКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ Е 8 МАЈ 2022 ГОДИНА.