10 стипендии, во траење од две години, понудени од италијанското
Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, за студенти
од Западен Балкан за упис на еден од четирите магистерски курсеви на
Политехничкиот универзитет деле Марке – Анкона (Universita Politecnica
delle Marche – Анкона):
- Меѓународна економија и трговија;
- Биомедицинско инжењерство;
- Инжењерство на животна средина и
- Иновации и управување со прехрамбени производи и пијалаци;
- Курс за европска интеграција и политичко-економски развој на земјите од Јадранско-јонската иницијатива и Стратегијата EUSAIR.
Сите погореопишани магистерски студии се одвиваат на англиски јазик.
Десетте стипендии и универзитетската катедра поврзана со европската
интеграција и политичкиот/економскиот развој на земјите опфатени со
стратегијата EUSAIR се дел од досието за млади што Секретаријатот на ИАИ
(Јонско-Јадранска инцијатива) силно го спроведуваше во последните години
и продолжува под тековното албанско Претседателство со иницијативата.
Крајниот рок за аплицирање е 8 ноември 2021 година.
Подетални информации за аплицирање може да најдете на следниот линк: Call for AII (Adriatic-Ionian_Initiative)