На 31 март, македонската влада усвои втор пакет економски мерки за справување со економските последици од кризата поради пандемијата „Covid-19“. Во целост, мерките вклучуваат:
1) финансиска поддршка за приватни компании, за исплата на плати за месец април и мај 2020 година, во максимален износ од 14.500 ден, за да се задржат работните места. Оваа мерка се применува само за вработените кои во претходните месеци добиле нето плата помала од 39.900 ден. Како алтернатива, субвенција од 50% од придонесите за социјално осигурување за вработените. Компаниите кои 2020 година ќе ја завршат со загуба нема да бидат обврзани да ги вратат овие средства.
2) Финансиска поддршка во форма на минимална плата (14.500 ден.) од државата за спортисти и уметници.
3) Работниците кои ќе го загубат работното место поради кризата ќе добијат субвенција од државата од 50% од просечната плата.
4) Надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија.
5) Сите државни службеници (почнувајќи од Претседателот на Државата, Претседателот на Собранието, Премиерот, министрите на Владата, замениците министри и државните секретари, директорите, градоначалниците и сл.) за време на кризата ќе добијат минимална плата.
6) Мораториум на банкарските кредити. Од банките се бара да го репрограмираат долгот, да ги продолжат месечните рати, да ја намалат каматната стапка итн. Новите деловни заеми ќе бидат исплатени со грејс период од 3 месеци, додека казните за задоцнети плаќања ќе се намалат од 51% на 31%.
7) 13,7 милиони евра за кредити со 0% камата наменети за мали и средни претпријатија, за износи помеѓу 3.000 и 90.000 €, со рок на отплата од 3 години, вклучително и 1 година грејс-период.
8) 50 милиони евра заеми по субвенционирана стапка субвенционирани од Европската инвестициона банка кои ќе бидат исплатени преку Развојната Банка на Република Северна Македонија.
9) За време на кризата и 6 месеци по кризата се забранува отворање на стечајни постапки.
10) Задолжително доискоростување на годишниот одмор од минатата година заклучно со 31 мај 2020 година.