Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Посета на Претседателот на Републиката во Северна Македонија

Претседателот на Републиката, Серџо Матарела, престојуваше во официјална посета на Република Северна Македонија на 8/9 септември 2022 година. Првата официјална средба беше во Вила Водно со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Претседателот Матарела претпладнето се упати во Парламентот, каде што беше примен од Претседателот Талат Џафери и одржа говор пред Собранието свикано на свечена седница, на која потсети на длабоките врски на пријателство и блискост меѓу нашите народи и нашите земји и потенцираше дека „Италија секогаш пружала – и ќе продолжи да го прави тоа – цврста поддршка за патот на Северна Македонија кон Европа. Подоцна, заедно со Претседателот Пендаровски, положи венец на споменикот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Шефот на државата попладнето се сретна со претставници на италијанската заедница присутни во Северна Македонија и со персоналот на Амбасадата и на другите италијански институции присутни во земјава. Посетата ја заврши со средба во Владата со Премиерот Димитар Ковачевски.