Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Закажете термин во Конзуларно/Визната канцеларија

Од 1 ноември 2022 година може да се закаже термин во Конзуларно/Визната канцеларија на Амбасадата на Италија во Скопје. Закажуавањата може да се направат преку порталот Prenot@Mi: https://prenotami.esteri.it, за термини во согласност со работното време за прием на странки на Амбасадата. Ве потсетуваме дека резервирањето е алатка за поедноставување на организациската активност и дека, освен заради итност и нужност, приоритетно ќе се примаат термините направени со резервација преку порталот Prenot@Mi.

ВАЖНО: Странките се информираат дека Амбасадата не користи надворешни агенции за обработка на процедурите за виза. Закажувањето термин за поднесување барање за виза е лесно и бесплатно, преку гореспоменатата програма Prenot@mi. Исто така, можете да побарате информации од Конзуларното одделение на Амбасадата, преку е-пошта или со повик во термините предвидени за телефонски јавувања.

Формуларите, кои треба да се пополнат во една копија и на латиница, се бесплатни и може да се преземат од страната за Формулари. Единствениот трошок што треба да се плати е визата (види ја табелата со цени), која се наплаќа во Амбасадата, во локална валута, при поднесување на барањето.