Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

ПРИДОНЕСИ ЗА СТРАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК И КУЛТУРА ВО СТРАНСТВО

Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија – MAECI им нуди можност на странските универзитети да побараат финансиски придонес наменет за промоција на италијанскиот јазик и култура во странство.

Придонесите се доделуваат за основање и одржување на катедрите по италијански јазик при странските универзитети и се наменети за покривање на дел од платите на професорите вработени директно од универзитетите со договор склучен согласно локалното законодавство. Под поимот „катедри по италијански јазик“ се подразбираат универзитетски катедри или оддели и/или универзитетски јазични курсеви во рамките на кои италијанскиот јазик е вклучен меѓу јазиците што се изучуваат согласно програмата и правилникот на универзитот, дури и ако катедрата или курсот носат поинакво име.

КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

При распределбата на финансиски средства ќе се применуваат следните критериуми и параметри:

а) правилна употреба на евентуално доделени придонеси во претходните години или враќање на неискористениот или неправилно искористениот придонес;
б) укинување на лекторати и/или отсуство на професори-мајчини говорители;
в) број на студенти и понудени курсеви;
г) трошоци за живот и за изведување на наставата во земјата;
д) факултетот на кој се одржува курсот, со давање приоритет на курсеви вклучени во стратешки области (на пр. наука / архитектура / дизајн / економија / еногастрономија);
ѓ) поддршка на иновативни проекти насочени кон користење на нови технологии (е-книги, онлајн-курсеви итн.);
е) нивото на билатерални односи;
ж) приоритетот доделен на барањето од страна на надлежната Амбасада.

Дополнително, ќе се земе предвид и оправданоста и одржливоста на поднесеното барање.

Се напоменува дека нема да бидат разгледувани барања од универзитети каде што веќе се ангажирани лектори на италијанското Министерство за надворешни работи испратени од Италија.

Исто така, нема да се разгледуваат барања од универзитети кои намеруваат да ги користат придонесите за цели и трошоци што не се поврзани со исплата на платите на професори вработени со договор согласно локалното законодавство, како што се, на пример (но не исклучиво): набавката на книги, наставни или промотивни материјали, организацијата на конференции, симпозиуми или други настани, хонорари за предавачи и гости, патни трошоци на наставници што учествуваат на конференции и состаноци и слично.

Се појаснува дека курсевите мора да се состојат од настава по италијански јазик, да се изведуваат на италијански јазик и да се одржуваат во просториите на универзитетот-барател, а не во Италија.

Исто така, се повикува на особено внимание во однос на оправданоста на износот на побараниот придонес.

Евентуално доделените износи можат да бидат еднакви или пониски од барањата на универзитетите. Покрај тоа, наставните проекти поднесени за барање на придонеси мора да бидат изводливи независно од евентуално доделениот износ.

 

РОКОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДОДЕЛЕНИТЕ ПРИДОНЕСИ

Се појаснува дека средствата доделени за поддршка на катедрите мора да се искористат до завршувањето на активностите во соодветната академска година.

На пример, придонесите доделени во фискалната 2026 година треба да бидат искористени од страна на универзитетите до завршувањето на активностите во академската 2026–2027 година.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Барањата за придонес треба да ја содржат следната документација:

БАРАЊЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТСКАТА ИНСТИТУЦИЈА, изготвено на меморандум, потпишано од носителот на универзитетот, со печат на универзитетот, кое ќе биде кратко (најмногу една страница), но истовремено ќе содржи образложено објаснување на причините за барањето.

ФОРМУЛАР А за барање придонес, изготвен според приложениот образец и пополнет во сите негови делови (достапен тука: 2619-2_2026_PAESE_Nome_Universita_Form._A).

ФОРМУЛАР Б (достапен тука: 2619-2_2026_PAESE_Nome_Universita_Form._B), односно завршен извештај за последниот евентуално доделен и искористен придонес (во фискалната 2025 година или во претходниот петгодишен период 2020–2024). Поднесувањето на завршниот извештај е неопходен услов за доделување и исплата на придонесот и претставува задолжителна обврска за сите универзитетски институции што примиле придонеси, дури и ако не поднеле барање за нов придонес во тековната фискална година.

Доколку не е можно да се достави извештајот за употребата на евентуално доделениот придонес во фискалната 2025 година во рокот за поднесување ново барање поради недоисплатените средства, ќе биде можно неговото доставување да се одложи до крајот на академската година (односно до летото 2026 година).

  • Се замолуваат Универзитетите формуларите да ги пополнат дигитално, без да прават какви било измени на подготвениот текст, обрнувајќи внимание на внесување датум, печат на институцијата-барател и потпис на академското одговорно лице.
    • Секој формулар мора да биде пополнет во целост.
    • Големината на дигитално испратениот фајл не смее да надминува 3MB.

 

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊАТА

Барањата за доделување придонес мора да бидат доставени во оригинал до Седиштето на Амбасадата на Италија во Скопје (улица 8. Ударна бригада бр. 22), како и во дигитална форма на електронската адреса: culturale.skopje@esteri.it, најдоцна до крајниот и непродолжлив рок 20 март 2026 година.