Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Конкурс за набавка на книги и дидактички материјали наменет за училиштата и универзитетите во странство како мерка за поддршка на изучувањето на италијанскиот јазик

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува повик упатен до училиштата и универзитетите во странство за упатување барања за набавка на книги и наставни материјали, исто така и во дигитален формат, како мерка за поддршка на наставата по италијански јазик.

Образовните и/или универзитетските институции засегнати со повикот имаат право да учествуваат на конкурсот само доколку се јавни, државни и законски признати. Тие ќе можат да достават барање за набавка на книги и дидактички материјали преку Образецот АModulo A – 2026 (1), следејќи ги наведените инструкции и внимавајќи да го пополнат секое поле и да не внесуваат други промени во документот. Се препорачува особена внимателност во внесувањето на точниот код ISBN, кој во случај да недостасува или биде неточен, бараните книги нема да бидат земени предвид. Пополнетите барања треба да се достават до Амбасадата на е-адресата culturale.skopje@esteri.it во PDF формат (со потпис на одговорното лице и со печат на институцијата апликант) и во Excel дигитален формат.

Се насочуваат заинтересираните институции да не вклучуваат во барањата книги или материјали кои не се недостапни за продажба, не се во каталогот на издавачките куќи или се дидактички застарени, а предност ќе се даде на книжевен материјал и / или дидактички материјал објавен во последните три години. Ова е со цел процедурите за набавка да бидат побрзи и да се обезбеди поголема ефикасност, преку ажурни и дидактички напредни алатки.

Барањата за набавка на книги треба да се достават до Амбасадата најдоцна до 13.03.2026 година, која – по соодветна проценка – ќе ги достави до италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка.