ГЛАСАЊЕ ПО ПОШТА ЗА ИТАЛИЈАНСКИ ГРАЃАНИ КОИ ЖИВЕАТ ВО СТРАНСТВО И МОЖНОСТ ЗА ГЛАСАЊЕ ВО ИТАЛИЈА
Со указ на претседателот на Италијанската Република од 31/03/2025 година, објавен во Службениот весник на 31/03/2025, се одреди дека на датите 8 и 9 ЈУНИ 2025 ќе се одржи референдумско гласање, согласно поранешниот член 75 од Уставот.
Се посочува дека ГЛАСАЊЕТО е ПРАВО заштитено со италијанскиот Устав и дека, согласно Законот од 27 декември 2001 година, бр. 459, италијанските државјани кои престојуваат во странство, а се запишани во изборните листи, можат да ГЛАСААТ ПО ПОШТА, добивајќи го изборниот плик на пријавената адреса на живеење. За таа цел, се препорачува проверка и евентуално ажурирање на вашите лични податоци и адреса пријавени во надлежното конзуларно претставништво, по можност преку онлајн порталот за конзуларни услуги Fast It.
Како алтернатива на гласањето преку пошта, гласачите регистрирани во AIRE можат да ИЗБЕРАТ ДА ГЛАСААТ ВО ИТАЛИЈА ВО ОПШТИНАТА КАДЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ ЗА ГЛАСАЊЕ, доколку писмено го соопштат својот избор за гласање во Италија на Конзулатот во рок најдоцна до 10 дена по објавувањето на повикот за референдум. Гласачите кои ќе изберат да гласаат во Италија по повод следниот референдум ќе добијат од нивните италијански општини известување со избирачките места за гласање во Италија. Изборот, односно можноста за гласање во Италија важи само за референдумот за кој било побарано да се гласа во земјата.
Се повторува дека барањето за таквата можност МОРА ДА СЕ ИСПРАТИ до Конзуларното претставништво НАЈДОЦНА ДЕСЕТ ДЕНА ПО ДЕНОТ НА ОБЈАВА НА ПОВИКОТ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ИЛИ ПОТОЧНО НАЈДОЦНА ДО 10.04.2025 година. Изјавата за изборот за лично гласање во Италија може да биде напишана на обичен лист хартија и – за да биде валидна – мора да содржи име, презиме, датум и место на раѓање, место на живеење и потпис на избирачот придружен со копија од лична исправа на изјавувачот.
За изјавата можете да го искористите и нацрт-образецот достапен на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (www.esteri.it), како и овде.
Образецот, уредно пополнет, потпишан и придружен со документ за лична идентификација, може да се достави/испрати:
– лично: за време на работното време на Конзуларното одделение (вторник-петок од 09.00 до 13.00 часот; и дополнително среда од 14.30 до 16.30 часот);
– или по пошта: Вила Шкаперда – Улица Осма Ударна Бригада 22;
– по е-пошта: consolare.skopje@esteri.it;
– по сертифицирана е-пошта pec: amb.skopje@cert.esteri.it.
Согласно законот, одговорност на гласачите е да проверат дали изјавата испратена по пошта е навремено примена од компетентното конзуларно одделение. Барањата кои ќе пристигнат по крајниот рок наведен погоре НЕМА да се сметаат за важечки.
Изборот за гласање во Италија последователно може да се отповика со писмено известување кое може да биде испратено или доставено до Конзуларното претставништво преку истите посочени канали и до истиот датум определен за избор на местото на гласање.
Ако изберете да се вратите во Италија за да гласате, Законот НЕ предвидува никаков вид надоместок за сносените патни трошоци, туку само намалување на аплицираните тарифи на италијанска територија.
КОНЗУЛАРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ Е ДОСТАПНО ЗА СЕКОЕ ПОНАТАМОШНО ПОЈАСНУВАЊЕ.
01.04.2025