Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Новиот амбасадор на Италија во Република Северна Македонија Паоло Палминтери ги предаде акредитивните писма на Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

472914028_1166796871488611_1964063696104935999_n (1)

Новиот италијански амбасадор во Северна Македонија Паоло Палминтери денеска ги предаде акредитивните писма на Претседателката на Републиката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченост што се одржа во претседателското седиште „Вила Водно“ во македонскиот главен град.

На средбата, двете страни се согласија за важната традиција на соработка меѓу земјите на билатерално и мултилатерално ниво, како и за одличните билатерални односи на политичко, економско и културно поле, кои се карактеризираат со бројни средби и институционални посети на највисоко ниво.

„Мојата мисија во Скопје има за цел да ги поддржи европските аспирации на Северна Македонија, ставајќи го на располагање придонесот што Италија може да го понуди за поттикнување на внатрешните реформи и економскиот развој. Мандатот што ми е доверен е насочен кон натамошно продлабочување на нашата соработка во сите сектори: економски и трговски односи, безбедност, одбрана, правда, здравство, цивилна заштита, култура, јазик, туризам, земјоделство, животна средина, зајакнување на администрацијата. Ние сме еден од вашите клучни трговски партнери, инвеститор од прв ред и технолошки партнер “, истакна амбасадорот.

Претседателката од своја страна изрази задоволство од позитивниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и од соработката во различни области од заемен интерес, заснована на меѓусебно разбирање и искрена почит, нагласувајќи го притоа големиот потенцијал за нивен понатамошен развој.

Би сакала да оддадам признание и воедно да се заблагодарам за континуираната и принципиелна поддршка на Италијанската Република за остварувањето на стратешките надворешнополитички цели на нашата земја. Високо го цениме фактот дека Италија, како една од земјите основачи на ЕУ, е еден од најголемите и најгласни поддржувачи за полноправното членство на нашата држава во ЕУ, исто како што тоа беше случај и со нашето пристапување во НАТО во чии рамки ќе продолжиме да го негуваме и да го развиваме сојузништвото преку споделување заеднички ставови околу регионалните и глобалните безбедносни прашања“ – изјави Претседателката.