Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Средба на Министрите за Надворешни Алфано и Димитров на Самитот во Трст за земјите од Западен Балкан

“Ви честитам на вашето неодамнешно назначување за Министер за надворешни работи. Свесен сум дека новата Влада во Скопје е ангажирана во спроведувањето на ” Urgent reform priorities” за да продолжи по патот на процесот на европската и евро-атлантската интеграција. Ве уверувам во целосна поддршка на Италија, сигурен сум дека успешно ќе соработуваме “. Вака изјави Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка, Анџелино Алфано, на неговата прва средба со новиот македонски министер за надворешни работи, Никола Димитров, во рамките на Самитот на земјите од Западен Балкан до Трст.

“Со целосно почитување на македонскиот суверенитет, сметаме дека за Скопје неопходно е да ја задржи и ја зајакне постигната стабилност, од која ќе има придобивка не само регионот, туку цела Европа. За таа цел, од суштинско значење е да се соработува со опозицијата и се надевам дека вашата Влада ќе може да ги спроведе реформите со најшироко можно политичко мнозинство “, му рече Алфано на колегата.

Во однос на регионалните прашања, Алфано истакна дека “политиката на проширување е и мора да остане единствен пат за промовирање на мирот, демократијата и стабилноста на Западниот Балкан и за овозможување на економски развој. Во овој дух, одлучивме да ги концентрираме нашите напори во рамките на нашето Претседателството со Процесот на Западниот Балкан на некои стратешки приоритети: развојот на регионалната поврзаност, иновациите, но и соработка во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал “.

Двајцата министри, исто така, разговараа на темата миграции. За Алфано ” Западно Балканската рута покажа дека соработката со земјите на потекло и транзитните земји е од клучно значење. Во контекст на географски балансиран пристап, остануваме посветени на целосна имплементација на Делкарација меѓу ЕУ – Турција и се надеваме дека ЕУ ќе ја вложи истата енергија во справувањето со прашањето на миграторскиот наплив кој доаѓа преку централниот Медитеран “.