Генералниот Директорат за промоција на системот Италија при Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (Direzione Generale per la Promozione del Sistema Paese – MAECI) објавува конкурс за награди и финансиски придонеси за преводи на странски јазици на литературни и научни дела (и на дигитална поддршка), продукција, синхронизирање или титлување на странски јазик на краткометражни филмови, долгометражни филмови и телевизиски серии.
Издавачи, преведувачи, продуцентски компании, компании за синхронизирање и титлување, за дистрибуција и културни и меѓународни институции, со седиште во Италија како и во странство, можат да аплицираат за два вида финансиски придонеси:
ПРИДОНЕСИ:
1. Придонес за преведување на странски јазик и ширење преку издавање (и во вид на дигитална е-книга) на научни и книжевни дела, а чие објавување е предвидено по 1 август 2019 година;
2. Продукција, синхронизирање или титлување на странски јазик на краткометражни, долгометражни филмови и телевизиски серии кои ќе бидат реализирани по 1 август 2019 година.
НАГРАДИ:
Придонес за италијански дела (и во форма на дигитална е-книга), вклучувајќи ги и краткометражните, долгометражните филмови и телевизиските серии наменети за медиумите за широката јавност, кои биле објавени, преведени, продуцирани, синхронизирани, титловани, не пред 1 јануари 2018 година.
Кандидатите треба да ги поднесат барањата ИСКЛУЧИВО користејќи го соодветниот формулар (кликни), на италијански или англиски јазик.
Целосното барање заедно со потребните документи назначени на горенаведениот конкурс треба да се испратат до Амбасадата НАЈДОЦНА ДО 31 МАРТ 2019 ГОДИНА.