Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

ЕУ и европски перспективи за Северна Македонија и Албанија: Министерот за надворешни работи Моаверо Миланези, во корист на брзо започнување на преговорите за пристапување за Земјите кандидати. Тешко е да се разбере чекањето во “претсобјето”.

Италија е за почеток на пристапните преговори со Европската унија за Земјите кои ја поднеле својата кандидатура: збунетост за продолжување на чекањето во „претсобјето„.

Ова го изјави италијанскиот Министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Енцо Моаверо Миланези, на крајот на Советот за општи работи во Луксембург на 18-ти јуни оваа година.

“Верувам дека кога станува збор за проширување потребно е да се знае за што точно зборуваме: за некои Земји станува збор за напредок во рамките на преговорите и нормално е тоа тие да можат да одат побрзо или поспоро и со повеќе или помалку задоволства од страна и на Земјите членки и на Европската комисија. Што се однесува до ситуацијата во врска со Албанија и Северна Македонија, станува збор за почеток на преговори: пат кој би можел да биде повеќе или помалку долг, во зависност од резултатите кои ќе се постигнат”, изјави Министерот за медиумите.

“Сметаме дека започнувањето на преговорите е нормалноста во која можеме да влеземе со Земји кои сакаат да бидат кандидати. Веруваме дека нема потреба премногу да се продолжи чекањето во „претсобјето„ пред почетокот на преговорите за пристапување. По ова, се разбира, неопходно е да бидеме исклучително строги, ригорозни и цврсти за основните точки што ги сочинуваат консултациите за влез во ЕУ, со цел да се поседуваат сите неопходни барања, особено во поглед на реформите, за да се стане Земја членка на Европската унија”, додаде Шефот на италијанската дипломатија, нагласувајќи дека засега “беше одлучено дека во октомври повторно ќе се навратиме на прашањето “.

Главни резултати на Советот за општи работи (Луксембург, 18 јуни 2019)

https://www.consilium.europa.eu/it/meetings/gac/2019/06/18/

Заклучоци на Советот на ЕУ за процесот за проширување, стабилизација и асоцијација

https://www.consilium.europa.eu/it/press/press-releases/2019/06/18/council-conclusions-on-enlargement-and-stabilisation-and-association-process/