Генералната дирекција за италијанци во странство ја промовираше реализацијата на апликацијата „mAPPamondo consolare“ достапна во соодветните „ app store„ на двата главни оперативни системи за мобилни уреди (Apple Store за iOS уреди и Google Play Store за Android уреди ) која корисниците можат бесплатно да ја преземат.
Апликацијата ги има следните главни карактеристики:
• интуитивен и “пријателски за корисниците” интерфејс, со над 50 теми од општ интерес за италијанците кои живеат во странство поделени во три макро области: патување, студирање, живеење;
• детални информации за „работи што треба да се направат“ во случај на потреба, за секоја од наведените теми (изгубен пасош, здравствена заштита и сл.), кои корисникот може да ги организира во личен список;
• интерактивна навигација на мапа, со податоци за 200 конзуларни претставништва, со геолокација и идентификација на територијално надлежни канцеларии во странство;
• врска со FAST-IT, веб портал на конзуларните услуги на МНРМС;
• стотици корисни линкови и препораки за италијанците во странство поврзани со работа, училишта / универзитети, здравствени установи, здруженија.
Апликацијата „mAPPamondo consolare“ има за цел да обезбеди серија информации во врска со давање конзуларни услуги од Претставништвата на МНРМС во странство.