Владата на Северна Македонија на седницата на 12 март донесе нови рестриктивни и превентивни мерки за контрола на ширењето на вирусот COVID-19. Текстот на одлуката на Владата (објавен денес 13 март) е прикачен (службен превод на италијански јазик). Меѓу најрелевантните и ново применувани мерки (споредено со оние кои веќе беа соопштени во последните денови и со кои се потврдува последната одредба), пред сè, потенцираме:
Ø забрана за влез во Северна Македонија на странски државјани од земји со среден и висок ризик – според официјалниот список на СЗО – значи и од Италија (точка 14 од решението). Одредбата исто така појаснува дека, и покрај тоа во случај патник од овие земји да пристигне на граничните премини со Северна Македонија, ќе сму се нареди домашна изолација (точка 15; се прецизира дека се следи почитувањето на оваа мерка од страна на полицијата, како што деновиве се констатира).
Сепак, од суштинска внатрешна важност, се забележува и следново:
· Забрана за собири и организирани настани (точка 5);
· Затворање на спортски сали, базени, спортски центри и откажување на спортски настани (точки 6, 7 и 8);
· Затворање на барови и ресторани по 18.00 часот (и до 07.00 часот следниот ден) и одржување на безбедносното растојание на јавни места (точка 9);
· Забрана за организирање состаноци и настани за јавните администрации (точка 10)
Владата, исто така, донесе одлука за жителите на Дебар и Центар Жупа (места каде има позитивни случаи на вирусот COVID -19) да не ги напуштаат своите населени места во траење од 30 дена.
Се препорачува строго почитување на донесените мерки од надлежните органи.