На седницата на 9 март 2021 година, Владата на Република Северна Македонија воведе, со почеток од среда 10 март се до понеделник 22 март, полициски час од 22.00 до 05.00 часот следниот ден, како мерка за спротивставување на значителното зголемување на случаите на Ковид 19 во земјата.
Исто така, се воведува посебна превентивна мерка за патниците кои влегуваат во земјата од која било африканска држава: за македонските граѓани кои пристигнуваат од Африка задолжителна е 14-дневна домашна самоизолација, додека за странските граѓани, периодот од 14 дена карантин е предвидено да се спроведе во структури одредени од Владата (обично се работи за хотелски структури).