Законот бр. 74 од 23 мај 2025 година ги отвори условите за повторно стекнување државјанство за поранешни италијански државјани родени во Италија или кои живееле во Италија најмалку две последователни години и кои го изгубиле државјанството најдоцна до 15 август 1992 година, согласно член 8, бр. 1 и 2, или член 12 од Законот бр. 555 од 1912 година (заради натурализација во странска земја, откажување од државјанство по непосакувано стекнување странско државјанство, малолетни деца кои живеат со родител кој го изгубил државјанството). Можноста за повторно стекнување не важи за оние кои се откажале од италијанско државјанство (или го изгубиле од други причини) на или по 16 август 1992 година.
Изјавите за повторно стекнување може да се поднесат помеѓу 1 јули 2025 година и 31 декември 2027 година.
Лицето заинтересирано за повторно стекнување на државјанство мора да достави:
- Важечки документ за идентификација издаден од властите на земјата на тековното државјанство;
- Извод од матична книга на родени: доколку е роден во странство, треба да биде поднесен во облик предвиден за регистрација во Италија, легализиран и преведен;
- За оние родени во странство, потврда за историски престој издадена од надлежната италијанска општина;
- Потврда за државјанство;
- Документација што ја покажува причината и датумот на губење на државјанството (треба да се достави доказ за стекнување на странско државјанство и, каде што е применливо, откажување од италијанско државјанство: потврда за натурализација или, доколку е потребно според локалната пракса, извод од матична книга на родени придружен со потврда за државјанство и начинот на кое е стекнато; документацијата издадена од странски власти треба да биде соодветно легализирана и преведена).
За декларациите за повторно стекнување на италијанско државјанство потребо е да се плати такса од 250 евра во Конзуларната канцеларија.
Декларацијата мора да ја поднесе заинтересираната страна лично.
Согласно член 15 од Законот бр. 91/1992, заинтересираната страна не го стекнува повторно државјанството од денот на раѓањето, туку од денот по поднесувањето на изјавата.