Ако сте италијански државјанин кој се наоѓа во Северна Македонија или македонски државјанин заинтересиран да извршува активности во Италија, можеби ќе имате потреба од услугите што ги обезбедува Конзуларната канцеларија и Канцеларијата за визи на Амбасадата на Италија во Скопје.
За да се олесни навигацијата, различните услуги што се нудат ги поделивме во две секции: оние за италијански државјани и оние за странски државјани.
За какви било дополнителни информации ве покануваме да ја контактирате Конзуларната канцеларија на е-пошта consolare.skopje@esteri.it (пасоши и патни документи, матична состојба, државјанство, конзуларен регистар/AIRE, нотарски акти, помош, пензии) или Канцеларијата за визи на е-пошта visti.skopje@esteri.it (визи, изјави за вредност, фискални кодови, пензии).
Двете канцеларии примаат странки само со закажан термин, кој може да се резервира исклучиво преку порталот Prenot@mi (резервацијата е бесплатна), за време на работното време за прием на странки од вторник до петок од 09:00 до 13:00 часот, а во среда и од 14:30 до 16:30 часот.
Се потсетува дека од безбедносни причини не е дозволен влез во просториите на Амбасадата со торби и мобилни телефони.
Можно е да се јавите телефонски во следните временски интервали на следните телефонски броеви:
- Понеделник од 10:00 до 13:00 часот и од 14:30 до 16:00 часот
- Вторник и четврток од 14:30 до 16:00 часот
- Петок од 13:30 до 15:00 часот
+389 2 3236 517 (конзуларни услуги за италијански државјани и државјанство)
+389 2 3236 518 (услуги за странски државјани – визи, изјави за вредност, фискални кодови)
+389 2 3236 520 (пензии и барања за укинување на протерувања)