Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува повик упатен до училиштата и универзитетите во странство за барања за купување и набавка на книги и наставни материјали, исто така и во дигитален формат, за поддршка на наставата по италијански јазик.
Образовните и/или универзитетските институции засегнати со повикот имаат право да учествуваат на конкурсот само доколку се јавни, државни или законски признати. Тие можат да го достават барањето преку приложениот Образец А, внимавајќи да го пополнат секое поле и да не внесуваат други промени во документот. Се препорачува особена внимателност во внесувањето на точниот код ISBN, бидејќи во спротивно бараните книги нема да можат да се пронајдат. Пополнетите барања треба да бидат доставени до Амбасадата, како во PDF формат (со потпис на одговорното лице и со печат на институцијата апликант) така и во Excel дигитален формат.
Заинтересираните институции треба да избегнат да поднесат барање за книги или аудиовизуелни материјали кои се недостапни, надвор од каталогот на издавачките куќи или дидактички застарени, а предност ќе се даде на книжевен материјал и / или дидактички материјал објавен во последните три години. Ова е со цел процедурите за набавка да бидат побрзи и да се обезбеди поголема ефикасност, преку ажурни и дидактички напредни алатки.
Барањата за набака на книгите треба да се достават до Амбасадата до 21.03.2025 година, која – по соодветна проценка – ќе ги достави до италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка.