Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Презентација на активностите на Конфиндустрија Северна Македонија и можностите за соработка со Стопанските Комори

Вчера, 18 јануари, во присуство на Шефовите на Кабинет на Вицепремиерот за економски работи и на Министерот за земјоделство, на Државниот советник при Министерството за здравство, на Амбасадорот Топаловски, Директор за јавна и економска дипломатија, на Претседателите на Стопанските Комори на Северна Македонија, како и на голема група на италијански компании и претставници од македонскиот економски и претприемнички свет кој одржува блиски односи со Италија, Првиот Секретар на Амбасадата на Италија г-дин Марио Де Роза, изложи дел од приоритетите на новата Влада во однос на трговската политика на Италија на Балканот и во Северна Македонија, која сè почесто се перцепира во контекст на можностите во перспектива на прераспределбата на глобалните синџири на вредности.

Во тој поглед, осврнувајќи се на промотивните активности реализирани од Амбасадата на Италија заедно со канцеларијата на Италијанската трговска агенција ИТА, која во овие години овозможи да се претставаат претприемачките врвни достигнувања на нашата земја, Првиот Секретар потсети дека во стратегијата на национално ниво значаен партнер во светот на приватните фирми е токму оној на конфиндустрија. Во таа смисла, споменувајќи ги и неодамнешните иницијативи организирани од Амбасадата во соработка со Конфиндустрија Северна Македонија, беше упатена порака за интензивирање на поддршката на локалните Стопански комори, со цел сè поголема размени меѓу двете земји кои ги обединува коридорот VIII, како и искрените пријателски односи, чиј постојан доказ е и поддршката што Италија ја дава во евро-атлантската перспектива на Севена Македонија.

Следеше презентација на реализираните активности и стретешките цели од страна на Претседателот на Конфиндустрија Северна Македонија Инженер Рикардо Рианоне, којшто ѝ се заблагодари на Амбасадата и Директоратите за Промотивна Активност на Министерството за резултатите достигнати во само неколку месеци по почетокот на неговиот мандат.