Со Декретот на Претседателот на Владата од 7 август оваа година, забраната за влез во Италија за лица кои доаѓаат од Р. Северна Македонија, или лица кои во транзит поминале низ Северна Македонија во претходните 14 дена, е продолжена до 7 септември 2020 година.
Исклучок од забраната и со дозвола за влез во Италија се само оние лица кои имаат државјанство од една од земјите од ЕУ или од Шенген зоната и да имаат дозвола за престој во Италија издадена пред 9 јули 2020 година.