Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Нови промени на рестриктивните мерки на македонската Влада за справување со здравствената вонредна состојба

Во последните неколку дена, македонската Влада донесе нови одлуки со кои се менуваат некои мерки неопходни за борба со здравствената вонредна состојба од COVID-19. Односно:

– од денес, 27 мај, на целата национална територија се укинува полицискиот час (кој беше од 19:00 до 05:00 часот следниот ден).

– Од 22 мај, секое лице кое ќе влезе на територијата на Република Северна Македонија, ќе мора да достави негативен ПЦР тест за COVID -19 (тест направен не подоцна од 72 часа пред влегувањето) и ќе биде подложно на задолжителна мерка карантин во својот дом 14 дена (или 21 доколку пристигнува од земји кои се сметаат за „висок ризик“). Во случај на недоставување на тестот, лицето ќе биде испратено во карантин во структура утврдена од надлежните органи и ќе му биде наложено тестирање.

– Од 27 мај, странските дипломати и членовите на нивните семејства кои влегуваат на македонска територија, ќе бидат ослободени од задолжителниот период на карантин доколку покажат негативен ПЦР тест (направен не подоцна од 72 часа претходно). Во случај на непокажување на тестот, ќе им биде наложена мерка карантин во нивниот дом.