Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Меѓународна награда за италијанистика „Flaiano„ – XIX издание

Промовирана и организирана од Здружение за култура „Ennio Flaiano„, наградата ја вреднува работата на италијанистите ширум светот и – од нејзиното основање – е во соработка со Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI).

Изданијата ќе треба да опфаќаат теми од италијанската култура, на локалниот јазик или на италијански јазик, реализирани во текот на претходната година.

Изданијата мора да бидат испратени во дупликат директно до Секретаријатот на наградите (Segreteria del Premio – Piazza Emilio Alessandrini, 34 – 65127 Pescara, најдоцна до 10-ти мај (поштенскиот печат ќе важи за доказ).

Во ова издание, жирито на наградата, составено од експерти од меѓународна култура, ќе ги објави тројцата добитници кои ќе ја подигнат наградата во Пескара на 4 јули.

За повеќе информации, можете директно да се обратите на контактите во повикот:

www.premiflaiano.com

email: associazione.flaiano@gmail.com