На 22 март 2020 година објавена е Уредба на Претседателството на советот на министри во која се содржани дополнителни мерки во врска со ограничување и управување со епидемиолошката итна состојба од COVID -19 на целата италијанска територија.
Денес, 28 март 2020 година, Министерот за здравство и Министерот за инфраструктура и транспорт потпишаа декрет во кој се содржани строги одредби за оние кои влегуваат во Италија и детални организациони мерки што мора да ги воведат превозниците и управителите на бродови, со цел спротивставување на ширењето на епидемиолошката вонредна состојба од COVID -19. Декретот следува по министерската уредба ДМ 120/2020 на Министерот за инфраструктура и транспорт и на Министерот за здравство, кој предвидува самоизолација во период од 14 дена за оние кои се враќаат во Италија од странство.
На следниот линк на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, достапни се дополнителни информации во форма на чести прашања во врска со националното законодавство за управување и ограничување на вонредна состојба:
https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti
На следната страница објавени се корисни информации за методите и процедурите што треба да се следат за оние што се во странство и сакаат да се вратат во Италија:
На италијанските државјани во Република Северна Македонија им се препорачува да ги следат насоките на македонските власти. Исто така се препорачува да се следат препораките на италијанското Министерство за здравство.
Амбасадата останува на располагање; за дополнителни информации и барања за асистенција, обратете се на: consolare.skopje@esteri.it